Нова средба во Анкара посветена на Идлиб помеѓу делегациите на Турција и Русија

Според добиени информации од дипломатски извори, делегациите на Турција и Русија по остварените разговори на крајот од неделата, во сабота, денеска попладне ќе се состанат повторно во Анкара

1356233
Нова средба во Анкара посветена на Идлиб помеѓу делегациите на Турција и Русија

Делегациите на Турција и Русија по остварената средба на крајот од неделата посветена на состојбата во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, денеска ќе се состанат повторно.

Според добиени информации од дипломатски извори, делегациите на двете земји попладне ќе се состанат повторно во Анкара.

На средбата, исто како и на крајот од неделата се предвидува од страна на Турција да учествува делегација предводена од заменик министерот за надворешни работи амбасадорот Седат Онал и составена од функционери на министерството за надворешни работи, министерството за национална одбрана, генералштабот и Националната разузнавачка служба МИТ.

Руската страна пак, се очекува да биде предводена од заменик рускиот министер за надворешни работи амбасадорот Сергеј Вершинин и специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за Сирија амбасадорот Александар Лаврентиев и составена од руски воени и разузнавачки функционери.

По остварените разговори во саботата во Анкара каде што беа одржани 3 часовни разговори во два дела, беше истакнато дека е разгледана состојбата во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија и дека се стоеше на чекорите коишто би можеле да се фрлат за што поскоро воспоставување на спокојството на теренот и за унапредување на политичкиот процес.

Делегациите на двете земји одлучија да продолжат со разговорите.



Слични вести