Ердоган: Нашата земја ќе ја доведеме во положба на бренд во светски рамки во сајбер безбедноста

Претседателот Ердоган истакна дека без да се формира домашната инфраструктура на 5Г технологијата не е можно да се премине кон 5Г технологија и рече дека Турција ќе биде доведена во положба на бренд во светски рамки во сајбер безбедноста

1356590
Ердоган: Нашата земја ќе ја доведеме во положба на бренд во светски рамки во сајбер безбедноста

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска во Анкара говореше на церемонијата на отворање на Центарот за интервенција на национални сајбер настани при Институцијата за информатички технологии и комуникација.

Ердоган, во својот говор истакна дека без да се формира домашната инфраструктура на 5Г технологијата не е можно да се премине кон 5Г технологија и рече дека Турција ќе биде доведена во положба на бренд во светски рамки во сајбер безбедноста.

Велејќи „Онолку колку што е значајна безбедноста на нашите граници, во толкава мера е значајна и безбедноста на нашите електронски системи и податоците коишто се чуваат овде“, претседателот Ердоган го рече следното: „Мораме да ги поставиме во одреден ред центрите со податоци на државниот и приватниот сектор. Од нашите надлежни институции очекувам интензивно да ги завршат своите работи.“

Ердоган напомена дека патот за одбивање на нападите коишто се реализираат со умни системи поминува од развивање и искористување на уште поумни системи.

„Нашата земја ќе ја доведеме во положба на бренд во светски рамки во сајбер безбедноста“ - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и го подвлече следното: „Да се обидува да се застане против сајбер нападите со помош на конвенционални системи и методи, е како да се биде во обид куршумот да се спречи со хартија.“

Претседателот Ердоган го додаде и следното: „Завршено е дизајнирањето нанашиот прв домашен комуникациски сателит Турксат 6А (Türksat 6A), продолжуваат инженерските работи, во 2022 година планираме да го лансираме во вселената.“



Слични вести