Чавушоглу: „Треба да се почитува примирјето во Идлиб“

Што поскоро треба да се оконча агресивниот став на режимот на Бешар Асад

1356449
Чавушоглу: „Треба да се почитува примирјето во Идлиб“

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека на првиот круг на разговори во саботата со руската делегација која допатува во Анкара не беше постигнат компромис за Идлиб и дека продолжуваат преговорите.

Министерот Чавушоглу во Анкара одржа заедничка прес конференција со потпретседателот на владата и министер за надворешни работи на Словенија Мирослав Церар кој престојува во посета на земјава.

Чавушоглу на прес конференцијата направи проценка на преговорите за  во Идлиб и рече дека на првиот круг на преговорите не беше постигнат компромис.

„Треба да се спречат нападите на режимот, бидејќи рековме дека ќе ги фрлиме потребните чекори.

Во случај да не се постигне резултат на преговорите, тогаш постои можност да се состанат претседателот Реџеп Тајип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин.

Да можеше да се постигне компромис на преговорите со руската делегација за Идлиб, немаше да има потреба од денешниот состанок. На правата средба беа изнесени предлозите.  Во Идлиб треба да се почитува примирјето и што поскоро треба да се постигне примирје. Што поскоро треба да се оконча агресивниот став на режимот на Бешар Асад“ рече Чавушоглу.



Слични вести