Турските и руските делегации разговараа во Анкара за случувањата и состојбата во сириски Идлиб

Според добиени информации од дипломатски извори, вчера во Анкара се одржа 3 часовна средба во два дела помеѓу мешовитите делегации на Турција и Русија составени од претставници на воените и разузнавачките служби на двете земји

1355726
Турските и руските делегации разговараа во Анкара за случувањата и состојбата во сириски Идлиб

Вчера во Анкара се состанаа делегациите на Турција и Русија за разгледување на случувањата во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Според добиени информации од дипломатски извори, вчера во Анкара се одржа 3 часовна средба во два дела помеѓу мешовитите делегации на Турција и Русија составени од претставници на воените и разузнавачките служби на двете земји.

Турската делегација составена од функционери на министерството за надворешни работи, министерството за национална одбрана, Генералштабот и Националната разузнавачка служба (МИТ) ја предводеше заменик министерот за надворешни работи амбасадорот Седат Онал, а гостинската руска делегација ја предводеа заменикот министер за надворшени работи амбасадорот Сергеј Вершинин и специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за Сирија амбасадорот Александар Лаврентиев.

На разговорите, беше разгледана состојбата во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија и се стоеше на чекорите коишто би можеле да се фрлат за што поскоро воспоставување на спокојството на теренот и за унапредување на политичкиот процес.

На разговарите воедно беше одлучено средбите да продолжат во наредните недели.



Слични вести