Сочувство од Турција до Тајланд за загинатите во вооружениот напад

Министерството за надворешни работи објави соопштение со сочувство до Тајланд за загинатите во вооружениот напад во оваа земја

1356021
Сочувство од Турција до Тајланд за загинатите во вооружениот напад

Турција го изрази своето сочувство до Тајланд за загинатите во вооружениот напад во оваа земја. 

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека се чувствува жалење од големиот број загинати и ранети во вчерашниот извршен вооружен напад во една касарна и во трговскиот центар нејзина близина во градот Након Ратчасима во Тајланд. 

Во соопштението се вели следното: "Го доставуваме нашето сочувство до блиските на загинатите во овој тажен настан, а на ранетите им посакуваме побрзо оздравување. Ја споделуваме болката на тајландскиот народ." 

Инаку, во извршениот вооружен напад од страна на еден војник во Тајланд кој вчера го уби својот командант во касарната, а потоа во трговскиот центар во нејзина близина измасакрира цивили, загинаа 26 лица, а 57 лица беа ранети. 



Слични вести