Реакции од Турција против недоличните изјави на претседателот на Турската Република Северен Кипар Мустафа Акинџи

По недоличните изјави коишто претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи ги даде за британскиот печат, пристигнаа остри реакции од државниот врв на Турција

1355978
Реакции од Турција против недоличните изјави на претседателот на Турската Република Северен Кипар Мустафа Акинџи

Потпретседателот Фуат Октај во објавата што ја сподели на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека изјавите коишто претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи ги даде во интервју за британскиот печат во кои "можноста од приклучување кон Турција" ја оцени за "страотна", не доликува на должноста којашто ја извршува. 

Октај го напиша следното: "Ги осудувам изјавите коишто се употребуваат за Република Турција која во секои услови стои покрај Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и ги брани нејзините права и интереси. Апсолутно никако нема да се дозволи Република Турција да се доведе во својство на средство за изборите во Турската Република Северен Кипар (ТРСК), со правење на мали пресметки и со невизуелни политички приоди."

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп пак, изјавите на претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи ги окарактеризира како "голема историска грешка".

Осуда против изјавите на Мустафа Акинџи пристигна и од шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун.

Осудувајќи ги овие изјави на Акинџи, Фахреттин Алтун ја изнесе следната констатација: "Овие видови изјави кои ќе ги повредат душите на нашите честити шехиди, би можеле да се согледат како одраз на личната грижа за  постоење на еден политичар кој се истоштил себе си кај турскиот народ."

Министерот за правда Абдулхамит Ѓул, истакна дека зборовите коишто ги употреби Мустафа Акинџи во врска со Турција пред сѐ ги навредија нашите предци и честити шехиди. 

Потпретседателот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Нуман Куртулмуш, во врска со изјавите на претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи, го рече следното: "Никако не може да се одобри тоа што е дадена една ваква несреќна изјава, во својство на претседател на Турската Република Северен Кипар (ТРСК). Овие зборови се непочитување кон кипарските Турци и кон борбата којашто ја водат таму Турција и нашиот честит народ, низ историјата. Апсолутно никако не ги одобруваме, не ги прифаќаме и не ги сметаме за правилни."

Претседателот на опозиционата Партија за национално движење (МХП) Девлет Бахчели исто така го рече следното: "Нашето единствено очекување и нашата единствена желба е Мустафа Акинџи да постапи поносно и чесно и да поднесе оставка од својата функција."



Слични вести