Претседателот Ердоган уште еднаш ја изнесе својата реакција против едностраниот Блискоисточен план на САД

Претседателот Ердоган уште еднаш покажа реакција против едностраниот Блискоисточен план на САД за којшто рече дека не претставува ништо друго освен сон кој му се заканува на мирот и спокојството во регионот и дека нема да се дозволи да се оствари овој сон

1355782
Претседателот Ердоган уште еднаш ја изнесе својата реакција против едностраниот Блискоисточен план на САД

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, испрати порака до Меѓупарламентарната  платформа за Ерусалим (Кудс) што се одржува на тема „Кон ефикасна стратегија којашто ќе стави крај на израелската окупација“ во главниот град на Малезија, Куала Лумпур, во која уште еднаш покажа реакција против едностраниот Блискоисточен план на Соединетите Американски Држави (САД). 

Ердоган во својата порака го напиша следното: „Планот којшто на дневниот ред на светот се најде под името 'План на векот' и со кој Ерусалим (Кудс) се прогласува за главен град на Израел, не претставува ништо друго освен сон кој му се заканува на мирот и спокојството во регионот. Нема да дозволиме да се оствари овој сон.“

Во напишаната порака до малезискиот премиер Махатхир Мухамед, членовите на Меѓупарламентарната платформа за Ерусалим (Кудс) и учесниците на конференцијата, претседателот Ердоган изрази желба третата конференција на Меѓупарламентарната платформа за Ерусалим (Кудс) под наслов „Кон ефикасна стратегија којашто ќе стави крај на израелската окупација“, да помине на начин со којшто ќе се добие резултат во правец на нејзината цел.

Нагласувајќи дека пред сѐ организирањето на оваа конференција во еден ваков период го оценува за смисловно и значајно, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во својата порака го истакна следното: „Не го признаваме овој план којшто значи анексија на палестинските територии, ја уништува целосно Палестина и го одзема потполно насилно Ерусалим (Кудс).  Никако не ја прифаќаме оваа иницијатива која на изглед како да го прифаќа решението со две држави, меѓутоа значи легализирање на израелската окупација под покровителство на американската управа. Палестина со години беше подложена на окупација, разрушување и болка, додека Израел неправедно и незаконски достигна до своите денешни граници. Не е можно Турција да остане нема пред анексијата на Ерусалим (Кудс) и да ги остави сами во оваа борба своите палестински браќа. Сакам да нагласам уште еднаш, Ерусалим е нашата црвена линија. Најзначајната одговорност којашто ни се паѓа нам во овој процес како муслимански земји е да ја одбраниме честа на Месџид-и Акса, да застанеме во одбрана на чинарот на мирот Ерусалим (Кудс) и да ги одбраниме правата на Палестинците. Политиката којашто ја следат некои исламски земји пред овој чекор којшто значи почеток на еден процес кој ќе влијае на целиот свет, а пред се на Блискиот исток, создаде слика којашто разжалостува.“



Слични вести