Хулуси Акар: Ако се соочиме со попречување во подрачјето на Идлиб ќе го направиме неопходното

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека доколку Турција се соочи со попречување во испораката на дополнителна воена и друг вид опрема на набљудувачките пунктови во подрачјето на градот Идлиб ќе биде направено неопходното

1356011
Хулуси Акар: Ако се соочиме со попречување во подрачјето на Идлиб ќе го направиме неопходното

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар направи проценка на последните случувања во Сирија и Источниот Медитеран. 

Акар истакна дека доколку Турција се соочи со попречување во испораката на дополнителна воена и друг вид опрема на набљудувачите пунктови во подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија, ќе биде направено неопходното.

Велејќи дека "Б" и "В" плановите на Турција за Идлиб се готови, Хулуси Акар рече: „Ние со одлучност ги изнесуваме нашите легитимни барања. Велиме дека ниту најмалку нема да дозволиме да бидат прекршени нашите права. Но доколку продолжат да се прекршуваат договорите и ние имаме 'Б' и 'В' планови.“

Акар истакна дека ќе продолжат активностите за доставување дополнителна воена и друг вид опрема на набљудувачите пунктови на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) и предупреди дека доколк дојде до нивно попречување, ќе биде направено неопходното.

„По прашањето на доставување на дополнителна воена и друг вид опрема нашите тамошни надлежни другари разговараат со своите руски колеги и го координираат тоа. Ако и покрај тоа дојде до одредено попречување, отворено велиме дека ќе го направиме неопходното.“ - рече Акар.

Од друга страна, министерот за национална одбрана Хулуси Акар нагласи дека нема да се дозволи да дојде и до состојба на свршен чин во Источниот Медитеран. 

Велејќи уште еднаш дека  одлуките во кои нема да ја има Турција немаат шанса за живот (да опстојат), Акар рече: „Не можеме да замижиме пред одредена состојба на свршен чин на Кипар, во Источниот Медитеран и Егејот. Ќе го браниме до крај нашето право на Кипар. Никој да не ја тестира нашата сила.“



Слични вести