ТВС го даваат потребниот одговор на провоцирачките истрели на терористите во подрачјето на операцијата Извор на мирот

Турските вооружени сили (ТВС или TSK) го даваат потребниот одговор на провоцирачките истрели на терористите на ЈПГ/ПКК во подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат во североисточниот дел на Сирија

1355610
ТВС го даваат потребниот одговор на провоцирачките истрели на терористите во подрачјето на операцијата Извор на мирот

Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека се дава потребниот одговор на провоцирачките истрели на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во подрачјето на операцијата Извор на мирот, источно од реката Еуфрат во североисточниот дел на Сирија.

Во објавеното соопштение од министерството се истакнува дека и покрај постигнатиот договор со Руската Федерација на 22 октомври 2019 година продолжува присуството на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во западните и источните области на подрачјето на операцијата Извор на мирот.

Во соопштението се додава следното: "Продолжуваат провоцирачките истрели врз нашите елементи од овие области. На овие провокации им се дава потребниот одговор."



Слични вести