Ердоган: Ја доведуваме нашата земја во положба на зеница во окото на светот и во спортскиот туризам

Претседателот Ердоган истакна дека исто како и на секое поле и во спортот во последните 17 години е реализирана револуција во изградба на постројки на коишто им нема слични во светот

1355675
Ердоган: Ја доведуваме нашата земја во положба на зеница во окото на светот и во спортскиот туризам

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган учествуваше на на церемонијата на свечено отворање на атлетичарската писта Бурхан Фелек во Истанбул кадешто во својот говор овде во врска со реализираните инвестирања во сферата на спортот рече: „Со нашите инвестирања во постројки ја доведуваме нашата земја во положба на зеница во окото на светот и во спортскиот туризам.“

Ердоган истакна дека исто како и на секое поле и во спортот во последните 17 години е реализирана револуција во изградба на постројки на коишто им нема слични во светот.

Велејќи дека има доверба во спортистите кои ќе ја претставуваат нашата земја на претстојните Олимписки игри, претседателот Ердоган рече: „Оваа година на Олимписките игри имаме големо очекување во чекорите коишто ќе ги фрлат нашите спортисти. Им веруваме, имаме доверба во нашите спортисти кои ќе ја претставуваат нашата земја.“ 

Освен тоа, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор потсети дека пред извесно време успешниот кошаркар Шејн Ларкин ја избра турската кошаркарска репрезентација и го рече следното: „Шејн Ларкин, едниот од значајните имиња на кошаркарскиот спорт, веќе ќе се бори со дресот со полумесечина и ѕвезда.“



Слични вести