Фахреттин Алтун: Не е можно да ги прифатиме случувањата во Идлиб во Сирија

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун истакна дека не е можно да се прифатат случувањата во градот Идлиб во Сирија и дека Асадовиот режим нема место во иднината на Сирија

Фахреттин Алтун: Не е можно да ги прифатиме случувањата во Идлиб во Сирија

Во Истанбул започна Првата турско-сириска медиумска средба под наслов „Заедничка визија за подобра иднина“ којашто се одржува во организација на Центарот за современи истражувања Harmooon, Сирија ТВ и Центарот за Блискоисточни истражувања (ОРСАМ).

На отворањето на овој значаен форум говореше шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун кој со следните зборови покажа реакција против нападот на сирискиот режим против турските војници во подрачјето на Идлиг: „Ќе се побара сметката за стореното од убијците кои ги убија татковинските чеда.“

Алтун истакна дека не е можно да се прифатат случувањата во градот Идлиб во Сирија.

Тој воедно го рече и тоа дека Асадовиот режим нема место во иднината на Сирија.

Велејќи „Мораме да спречиме да дојде до состојба на свршен чин во Идлиб“, Алтун потсети дека повеќе од 3 милиони цивили се заглавени во подрачјето и ја предупреди Европа по ова прашање.

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун го додаде и следното: „Доколку веднаш не се сопре процесот којшто започна веднаш преку нашата граница, ќе започне еден нов и многу поголем бегалски бран; Овој бран ќе понесе се пред себе и ќе достигне до престолнините на Европа.“



Слични вести