Писмо со остра осуда од претседателот на Собранието Шентоп до претседателот на ЕП Давид Сасоли

Претседателот на Собранието Шентоп испрати писмо до претседателот на ЕП Давид Сасоли во кое остро го осуди учеството на таканаречените раководители на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ на одржаната конференција во Европарламентот

1355416
Писмо со остра осуда од претседателот на Собранието Шентоп до претседателот на ЕП Давид Сасоли

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, поради одржаната конференција во Европскиот парламент (ЕП) која се одржа на 5 и 6 февруари и на која учествуваа таканаречени раководители, челници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ, испрати писмо со осуда против претседателот на Европскиот парламент (ЕП) Давид Сасоли.

Шентоп во испратеното писмо до Сасоли истакна дека остро го осудува овој настан и го рече следното: „Манифестацијата за која станува збор, претставува повод за срам во вистинска смисла на зборот за ЕП кој наводно ги брани правото и универзалните вредности.“

Тој посака да не се заборави тоа дека тероризмот не претставува непријател само на Турција, туку дека е заеднички непријател на Европа и на светот, а воедно напомена дека манифестацијата на која учествуваа терористите е само во услуга на легализирање на тероризмот и на терористичките организации.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во своето писмо испратено до претседателот на Европскиот парламент (ЕП) Давид Сасоли го достави и следното предупредување: „Некои членови на Европскиот парламент (ЕП) кои денеска им даваат поддршка на челниците на ПКК не треба да го заборават тоа дека, терористичките организации утре своето оружје ќе го вперат и против лицата и институциите кои ги сметаат за свои пријатели.“



Слични вести