Неколкукратно ќе се возврати на сите евентуални напади врз Идлиб

Турските војници ќе продолжат со задачата во пунктовите за набљудување во Сирија

1355233
Неколкукратно ќе се возврати на сите евентуални напади врз Идлиб

Неколкукратно ќе се возврати на сите евентуални напади врз Идлиб во Сирија.

Директорот на Одделот за планирање, координација и анализа на Консултанството за односи со печатот и јавноста при Министерството за национална одбрана (МНО) полковникот Олџај Денизер, на првиот состанок за информирање на медиумите и јавноста што се одржа во Министерството одржа прес конференција.

Денизер во оваа прилика рече дека турските војници ќе продолжат со задачата во пунктовите за набљудување изразувајќи ја спремноста за извршување на сите задачи на Турските вооружени сили (ТВС) кои ќе им бидат зададени. Во случај на издавање на инструкција и/или наредба, ТВС се спремни да ги преземат сите потребни активности и задачи.

Во освртот на операциите против тероризмот на северот на Ирак, Денизер рече:

„Во операцијата Канџа беа неутрализирани 174 терористи, а исто така беа уништени над 83 илјади тони муниција и 403 засолништа. За продолжување на надмоќта во подрачјата кои се наоѓаат во рамките на операцијата Канџа во текот на зимата, базите кои беа отворени лани, ќе бидат трајни.“

Денизер меѓудругото додаде дека продолжува да се бранат правата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) околу Кипар.

„Истражувањата во Источниот Медитеран  и активностите на бродот за дупчење Јавуз се поддржуваат со фрегати, корвети, борбени чамци, подморници, авиони за поморска патрола и беспилотни летала“ рече Денизер.



Слични вести