Калин: „Нашите граници со Сирија се границите со зоните за деескалација“

Сите оние коишто наводно тврдат дека сакаат да ги заштитат Курдите, да им покажат патоказ, во суштина немаат никаква друга намера освен тоа Курдите да ги искористат како потпора за регионалното обликување во свој интерес

1354910
Калин: „Нашите граници со Сирија се границите со зоните за деескалација“

Портпаролот на претседателството Ибрахим Калин во врска со Сирија рече дека во рамките на процесот на преговорите во Астана постои можност идниот месец да се одржи нов состанок.

Ибрахим Калин за време на состанокот на владата што се одржа под претседателство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, оствари прес конференција.

Калин во врска со случувањата во Идлиб рече дека „подрачјата кои во рамките на преговорите во Сочи и Астана беа определени како беа безконфликтни зони се нашите граници“.

Постои голема веројатност во март да се одржи нов состанок во Астана. Продолжуваат активностите на тоа поле.

Калин потсети дека во Европскиот парламент се одржа Курдска конференција со учество на наводните лидери на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, ЈПГ/ПЈД.

Сите оние коишто наводно тврдат дека сакаат да ги заштитат Курдите, да им покажат патоказ, во суштина немаат никаква друга намера освен тоа Курдите да ги искористат како потпора за регионалното обликување во свој интерес“ рече Калин.



Слични вести