Турција остро го проколна одржувањето на Курдска конференција во Европскиот Парламент (ЕП)

Министерството за надворешни работи на Турција остро го проколна одржувањето во Европскиот парламент (ЕП) на Курдска конференција со учество и на наводните раководители на сепаратистичко-терористичката организација ПКК-ЈПГ/ПЈД

1354254
Турција остро го проколна одржувањето на Курдска конференција во Европскиот Парламент (ЕП)

Турција остро го проколна одржувањето во Европскиот парламент (ЕП) на Курдска конференција со учество и на наводните раководители на сепаратистичко-терористичката организација ПКК-ЈПГ/ПЈД.

Во објавеното писмено соопштение од страна на Министерството за надворешни работи се истакнува дека на одржаната скандалозна манифестација вчера во Европскиот парламент (ЕП) беа упатени погрдни закани против Турција и нејзиниот претседател Реџеп Тајјип Ердоган и со учество и на таканаречените раководители челници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и нејзини поддржувачи, се вршеше терористичка пропаганда.

Во соопштението се вели дека дозволувањето челниците на  сепаратистичко-терористичката организација ПКК, која инаку се наоѓа на списокот на терористички организации и на Европската унија (ЕУ), да учествуваат на една манифестација во Европскиот парламент (ЕП) и вршењето на терористичка пропаганда значи давање отворена поддршка на тероризмот.

„Остро ја проколнуваме оваа незаконска манифестација којашто го негира и принципот на водење борба против терористичките организации без да се прави разлика меѓу нив.“ - стои во соопштението на Министерството за надворшени работи на Турција. 

Во соопштението исто така се укажува на тоа дека дозволувањето на оваа манифестација се коси со директивата на ЕУ број 2017/541 во врска со борбата против тероризмот и се прекршува донесената одлука од страна на претседателското биро на Европскиот парламент со датум од 2 октомври 2017 година, а воедно се нагласува дека тоа се коси и со своите сопствени принципи на Европската унија (ЕУ). 

Освен тоа во соопштението стои и следното: „Ги покануваме институциите на Европската унија и земјите членки на Унијата да покажат одлучност против терористичкките организации и повеќе да не ги штитат терористите.“

Инаку, конференцијата на Европскиот парламент (ЕП) којашто се одржува по 16-ти пат во главниот град на Белгија, Брисел, под наслов „Европската унија, Турција, Блискиот исток и Курдите“, беше преобразена во пропаганда на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

На оваа конференција учествуваа и челниците на оваа терористичка организација во Европа по кои е распишана црвена потерница.



Слични вести