Средба на министрите за надворешни работи на Советот за соработка на туркофонските земји во Баку

На состанокот учествуваат министрите за надворешни работи на Турција, Азербејџан, Киргистан, Казахстан, Узбекистан и генералниот секретар на Турскиот совет Багдад Амреев

1354618
Средба на министрите за надворешни работи на Советот за соработка на туркофонските земји во Баку

Во главниот град на Азербејџан, Баку, започна вонредниот состанок на Советот на министри за надворешни работи на Советот за соработка на туркофонските земји (Турскиот совет).

На состанокот учествуваат министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу, министерот за надворешни работи на Азербејџан Елмар Мемедјаров, министерот за надворешни работи на Киргистан Џингиз Ајдарбеков, министерот за надворешни работи на Казахстан Мухтар Тлеуберди, министерот за надворешни работи на Узбекистан Абдулазиз Камилов и генералниот секретар на Турскиот совет Багдад Амреев.

Азербејџанскиот министер за надворешни работи Елмар Мемедјаров во говорот што го одржа на почетокот на состанокот истакна дека ќе се разговара за прашања како што се развивање на соработката на Турскиот совет со меѓународните организации, Турската академија и проширувањето на активностите на канцеларијата на Турскиот совет во Будимпешта (главниот град на Унгарија).

Потоа состанокот продолжи затворен за медиумите.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, во рамките на своите средби и разговори во Баку воедно ќе оствари и билатерални средби со азербејџанскиот министер за надворешни работи Елмар Мемедјаров, киргискиот министер за надворешни работи Џингиз Ајдарбеков и со генералниот  секретар на Турскиот совет Багдад Амреев.

 



Слични вести