Порака со сочувство од Илхам Алиев до претседателот Ердоган за загинатите во лавините кај Ван

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во својата порака којашто беше објавена на официјалната интернет страница на азербејџанското претседателство, истакна дека е крајно разжалостен поради 41-то загинато лице во катастрофите од лавини кај градот Ван

1354736
Порака со сочувство од Илхам Алиев до претседателот Ердоган за загинатите во лавините кај Ван

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев испрати порака со сочувство до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за загинатите во лавините на магистралниот пат Ван-Бахчесарај, во источниот дел на Турција.

Алиев во својата порака којашто беше објавена на официјалната интернет страница на азербејџанското претседателство, истакна дека е крајно разжалостен поради 41-то загинато лице во катастрофите од лавини кај градот Ван.

Алиев во својата порака го изрази своето сочувство во свое лично име и во име на азербејџанскиот народ, до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, семејствата на загинатите, нивните блиски и до турскиот народ, а на повредените им посака побрзо оздравување.

Од друга страна, и азербејџанското министерство за надворешни работи објави порака со сочувство за загинатите во катастрофите од кавини кај градот Ван и авионската несреќа кога патнички авион при приземјување на аеродромот Сабиха Ѓокчен во Истанбул излезе од пистата и во несреќата загинаа 3 лица.

Во пораката објавена на Твитер профилот на Министерството заземаат место следните зборови: „Вашата болка е наша болка, наш брат Турција.“



Слични вести