Испорака на хаубици и оклопни транспортери за набљудувачките пунктови на Турција кај Идлиб

Испратените хаубици и оклопни транспортери со шлепери, пристигнаа во населеното место Рејханли кај градот Хатај, во непосредна близина на границата со Сирија и оттука се упатија кон набљудувачките пунктови на Турција во подрачјето на градот Идлиб

1354580
Испорака на хаубици и оклопни транспортери за набљудувачките пунктови на Турција кај Идлиб
sevkiyat.jpg
sevkiyat.jpg
sevkiyat
sevkiyat.jpg
sevkiyat.jpg
sevkiyat.jpg

Турските вооружени сили (ТВС или TSK), во набљудувачките пунктови во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, испратија дополнителни хаубици и оклопни транспортери на персонал.

Испратените хаубици и оклопни транспортери со шлепери од различни воени единици на Турција, пристигнаа во населеното место Рејханли кај градот Хатај, во непосредна близина на границата со Сирија.

Овде хаубиците и оклопните транспортери од страна на воениот персонал беа сминати од шлеперите и под засилени безбедносни мерки се упатија кон местата кадешто се формирани набљудувачките пунктови во подрачјето на градот Идлиб.

Од друга страна, 20 тенкови коишто беа испратени од различни воени единици на Турција, поминаа низ населените места Хасса и Кирикхан кај градот Хатај и пристигнаа во населеното место Рејханли. 

Како што се дознава испораката е реализирана со цел зајакнување на набљудувачките пунктови во Идлиб.



Слични вести