Ердоган сподели објава во врска со лавината и авионската несреќа

Република Турција како земја која секогаш успеа да остане единствена, обединета и својата сила и моќ да му ја покаже на светот и наспроти сите последователни несреќи и гнасни напади, ќе го преброди и овој тежок период

1354434
Ердоган сподели објава во врска со лавината и авионската несреќа

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека чувствува големо жалење поради лавината во Ван и авионската несреќа на аеродромот Сабиха Ѓокчен во Истанбул.

На профилот преку твитер, претседателот Ердоган потенцираше дека се зголеми тагата по земјотресот во Елазиг и нападот на режимот во Сирија врз турските војници во Идлиб. На сите граѓани кои загинаа во несреќите како и на хероите во Идлиб им посакувам божја милост, а на повредените желби за што поскоро заздравување.

Ердоган во објавата на твитер истакна:

„Република Турција како земја која секогаш успеа да остане единствена, обединета и својата сила и моќ да му ја покаже на светот и наспроти сите последователни несреќи и гнасни напади, се надевам дека и овојпат ќе изнајде можност како резултат на меѓусебната солидарност меѓу државата и народот, да го преброди и овој тежок период. Во претстојниот период ќе ги зајакнеме подготовките наспроти новите и евентуални несреќи и катастрофи, брзо ќе ги залечиме раните, на граѓаните кои беа изложени на неповолното влијание на непогодите и несреќите, семејствата на шехидите кои херојски загинаа во борбата против тероризмот и повредените војници ќе им помогнеме и ќе ги прегрнеме. Како и секогаш и во овој период државата со сите свои установи и институции ќе биде покрај граѓаните.“



Слични вести