Бројот на загинатите во лавините кај градот Ван се зголеми на 39 лица

Екипите за пребарување и спасување на Жандармеријата и на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) продолжуваат со активностите за пребарување на теренот во областа кадешто се случија лавини

1354582
Бројот на загинатите во лавините кај градот Ван се зголеми на 39 лица

Екипите за пребарување и спасување го извлекоа мртвото тело на уште едно лице кои беше затрупано под снежните наноси во двете случаи на лавини во населеното место Бахчесарај кај ргадот Ван, во источниот дел на Турција, коишто се случија завчера и вчера.

Со тоа бројот на загинатите во овие катастрофи се зголеми на 39 лица.

Екипите за пребарување и спасување на Жандармеријата и на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) продолжуваат со активностите за пребарување на теренот во областа кадешто се случија лавини.

Во активностите учествуваат и дресирани кучиња трагачи.

Се мисли дека под снежните наноси се наоѓаат затрупани уште едно или 2 лица.

Припадниците на Жандармеријата ги преземаат неопходните безбедносни мерки на магистралниот пат за Бахчесарај и не дозволуваат премин на возила во областа кадешто дојде до лавини.



Слични вести