Продолжуваат да се испраќаат дополнителни командоси и воена опрема на границата со Сирија

Шлепери натоварени со муниција и оклопни транспортери со командоси поминаа низ градот Килис и се упатија во насока на градот Хатај во непосредна близина на границата со Сирија

1353854
Продолжуваат да се испраќаат дополнителни командоси и воена опрема на границата со Сирија

Од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) продолжуваат да се испраќаат дополнителни командоси, муниција и различна воена опрема за воените единици на границата со Сирија.

Шлепери натоварени со муниција и оклопни транспортери со командоси поминаа низ градот Килис и се упатија во насока на градот Хатај.

Како што се дознава, конвојот којшто се движеше под засилени безбедносни мерки е испратен со цел зајакнување на воените единици на границата со Сирија.



Слични вести