Претседателот Ердоган: Домашниот воен авион ќе биде изваден од хангарот во 2023 година

Претседателот Ердоган истакна дека домашниот воен авион ќе биде изваден од хангарот во 2023 година

1353957
Претседателот Ердоган: Домашниот воен авион ќе биде изваден од хангарот во 2023 година

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на церемонијата на пуштање во употреба на постројката за одделување и раздвојување на муниција на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) во градот Кириккале,

Овде, претседателот Ердоган истакна дека со потезите коишто се фрлени во последните 17 години во одбранбената индустрија, процентот на домашното и националното производство од околу 20 отсто е зголемено на ниво од околу 70 отсто.

Правејќи проценка во врска со ракетниот систем ХИСАР-А којшто е развиен со домашни можности, Ердоган рече: „Ако е можно овој систем веднаш ќе го поставиме на нашата граница со Сирија и ќе со тоа ќе надминеме еден наш значаен недостаток.“

Тој додаде дека во најскоро време ќе биде внесен во инвентарот и домашниот проектил Боздоган. 

Претседателот Ердоган, исто така се осврна и на производството на националниот воен авион во врска со што го рече следното: „Иншаллах (со Алахова помош) во 2023 година ќе го извадиме од хангарот нашиот воен авион кој во секоја сфера од својот дизајн до производството ќе биде национален.“

Ердоган додаде дека најубавиот одговор на Соединетите Американски Држави (САД) кои и се закануваат на Турција велејќи дека нема да и ги дадат воените авиони Ф-35, ќе биде даден со производство на сопствениот национален воен авион.



Слични вести