Поддршка од Помпео на Турција за воените операции против сирискиот режим во Идлиб

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изрази поддршка на воените операции на Турција против сирискиот режим по нападот врз турскиот воен персонал во подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија

1353363
Поддршка од Помпео на Турција за воените операции против сирискиот режим во Идлиб

Американскиот државен секретар Мајк Помпео објави писмено соопштение во кое ја истакна поддршката на воените операции на Турција против сирискиот режим во подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија.

Помпео рече: „Уште еднаш како САД ги осудуваме суровите и безмилосни напади на Асадовиот режим, Русија, Иран и Хезболах врз народот во Идлиб.“

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го подвлече и следното: „Стоиме покрај нашиот НАТО сојузник Турција, по нападот на 3 февруари во кој загинаа турски војници на задача во еден набљудувачи пункт којшто се користи за координација и  намалување на затегнатоста (деескалација). Целосно ги поддржуваме праведните чекори коишто ги фрла Турција во рамките на нејзиното право на самоодбрана. Го изразуваме нашето сочувство до владата на Турција поради човечките загуби.“

Велејќи „чекорите коишто ги фрлаат сирискиот режим, Русија, иранскиот режим  и Хезболах директно попречуваат да се постигне прекин на огнот во северниот дел на Сирија“, Мајк Помпео го рече следното: „Треба да престанат овие варварски напади, да се обезбеди пристап до хуманитарна помош и повторно да се воспостави мирот согласно резолуцијата број 2254 на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН).“

 



Слични вести