Критика од претседателот Ердоган против наводниот мировен план на САД, со карта

Претседателот Ердоган го критикуваше наводниот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп покажувајќи ја во својата рака картата на тоа како во текот на годините се проширила израелската окупација

1353835
Критика од претседателот Ердоган против наводниот мировен план на САД, со карта

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше пред пратеничката група на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) каде што се осврна на низа актуелни теми.

Ердоган во својот говор се осврна и на наводниот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп и покажувајќи ја во својата рака картата на тоа како во текот на годините се проширила израелската окупација.

Тој,го критикуваше  наводниот мировен план на Трамп и го рече следното: „Единствената цел на објавениот план е да им се придаде легитимност на израелската окупација, уривањата и политиките за насилно одземање коишто продолжуваат непрекинато веќе 70 години.

„Ова не е мировен план, туку е план за окупација и анексија“ - рече Ердоган и го подвлече следното: „Застануваме во одбрана на каузата на Ерусалим (Кудс), го правиме и ќе продолжиме да го правиме она што претставува потреба на нашата историја.“

Велејќи дека планот нема да им признае право на палестинските бегалци да се вратат назад на своите територии, претседателот Ердоган ја изнесе следната констатација: „Овие се окупатори. Значи дека Трамп стои зад овие окупатори. Кој би можел да го прифати тоа, Ерусалим (Кудс) да му се подари на Израел? САД, ми се закануваат како лично мене, така и на шефот за разузнавање. Држат под закана и некои финансиски институции во Турција. Правете што и да сакате, никако не ќе можете да успеете.“

Нагласувајќи дека некои држави кои употребуваат амбивалентни изрази во врска со планот, пред реакциите почнаа да заземаат поразличен став, Ердоган рече: „Не е ден кога треба да се западне во молк, туку е ден на застанување во одбрана на палестинската кауза и честа на Ерусалим (Кудс). Никако нема да дадеме поддршка на планот за којшто нема да покажат согласност нашите палестински браќа.“

 



Слични вести