Ердоган: Нападот врз турските војници, од аспект на Турција претставува почеток на еден нов период во Сирија

Претседателот Ердоган рече: „Нападот којшто беше извршен завчера врз нашите војници, од аспект на Турција претставува почеток на еден нов период во Сирија. На местото кадешто ќе биде пролеана крвта на турскиот војник ништо нема веќе да остане исто“

1353754
Ердоган: Нападот врз турските војници, од аспект на Турција претставува почеток на еден нов период во Сирија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше пред пратеничката група на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) каде што се осврна на низа актуелни теми.

Во врска со нападот реализиран од страна на сирискиот режим на 3 февруари во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, во кој станаа шехиди (загинаа) 7 турски војници и еден цивилен персонал на Турските вооружени сили (ТВС или TSK), претседателот Ердоган истакна дека на местото кадешто ќе биде пролеана крвта на турскиот војник ништо нема веќе да остане исто.

Велејќи „Турција делува со принципот на тоа што и да прави, да го направи без да му се наштети на животот или имотот на ниту едно недолжно (невино) лице“, Ердоган истакна дека на местото кадешто ќе биде пролеана крвта на турскиот војник ништо нема веќе да остане исто, како порано, а воедно го рече и следното: „Во Сирија не се почитуваат договорите. Нападот којшто беше извршен завчера врз нашите војници, од аспект на Турција претставува почеток на еден нов период во Сирија.“

Ердоган рече: „Патот којшто го покажува пред нас нашата цивилизација и нашата култура е да ѝ се згази главата на суровиот и да се застане во одбрана на угнетениот.“

„Доколку затреба, воздушните и копнените елементи на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) ќе реализираат операции во сите области и ќе делуваат слободно во подрачјето на Идлиб, а по потреба ќе спроведуваат и операции“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и во продолжение го подвлече следното: „Штом не може да се воспоставува безбедноста на нашите војници во подрачјето на Идлиб, ако е така никој не може да приговори против нашето право ние самите да го правиме тоа.“

Тој нагласи дека ќе се одговори во иста мера на секој напад којшто ќе биде реализиран против турските војници и пријателските елементи со кои се работи заедно, без притоа да се гледа на изворот од чија страна доаѓа и без претходно да се доставува никакво предупредување.

Претседателот Ердоган воедно предупреди дека доколку сирискиот режим во текот на февруари не се повлече во позадината на набљудувачките пунктови на турските војници, Турција ќе биде принудена самата да го направи тоа.



Слични вести