Ердоган: Кинењето на турското знаме од страна на грчкиот пратеник претставува неморалност, безобразност

Претседателот Ердоган истакна дека однесувањето на грчкиот пратеник кој го скина турското знаме минатата недела во Европскиот парламент (ЕП) претставува неморалност

1353871
Ердоган: Кинењето на турското знаме од страна на грчкиот пратеник претставува неморалност, безобразност

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше пред пратеничката група на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) каде што се осврна на низа актуелни теми.

Ердоган меѓу другото направи проценка и на случајот со кинење на турското знаме од страна на грчкиот пратеник Јоанис Лагос минатата недела во Европскиот парламент (ЕП).

Тој истакна дека овој начин на однесување на грчкиот пратеник претставува неморалност.

Велејќи „Грчкиот пратеник направи безобразност, неморалност во Парламентот“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го рече следното: „(Ова однесување) Не го оценувам како (неморалност) во име на Грција, го оценувам за неморалност во негово лично име. Бојата на нашето знаме е крвта на нашиот шехид. Тоа е нешто коешто ја покажува неговата бескрвност. Ние не сме од оние кои се по потрага и бараат резултат со вакви видови неморалности, безобразности; Како политичар, не го бараме во кинење на знамето на една земја, на еден народ.“



Слични вести