Бројот на загинатите во лавината кај градот Ван во Турција се искачи на 33 лица

Во втората лавина којашто падна врз спасувачките екипи кои трагаа по лицата затрупани во првата лавина во близина на населеното место Бахчесарај кај градот Ван, во источниот дек на Турција, досега се извлечени мртвите тела на 33 затрупани лица

1354007
Бројот на загинатите во лавината кај градот Ван во Турција се искачи на 33 лица

Бројот на загинатите во лавината којашто го затрупа патот за населеното место Бахчесарај кај градот Ван, во источниот дел на Турција, се зголеми на 33 лица.

Синоќа лавина затрупа еден минибус кај населеното место Бахчесарај веднаш по што на местото на настанот пристигнаа спасувачки екипи и додека екипите ги водеа активностите за пребарување и спасување на уште две лица кои беа затрупани под лавината, повторно дојде до лавина којашто падна врз спасувачката екипа.

Во активностите за пребарување и спасување беа спасени повеќе од 30 лица, додека беа извлечени мртвите тела на 33 лица кои останаа затрупани под снежниот нанос.

Валијата на Ван Мехмет Емин Билмез истакна дека продолжуваат активностите за трагање и пребарување и спасување на уште 10-15 лица колку што се мисли дека се затрупани под лавината. 



Слични вести