Сочувство од НАТО до Турција за загинатите 7 турски војници и 1 цивилен персонал во нападот на режимските сили во Идлиб

Еден функционер на НАТО, во врска со 7-те загинати турски војници и 1 цивилен персонал во нападот на режимските сили во подрачјето на Идлиб, го рече следното: „Денеска во Северноатлантскиот совет го изразивме нашето сочувство до Турција“

1353166
Сочувство од НАТО до Турција за загинатите 7 турски војници и 1 цивилен персонал во нападот на режимските сили во Идлиб

НАТО изрази сочувство за загинатите 7 турски војници и 1 цивилен персонал во реализираниот напад на режимските сили во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Еден функционер на НАТО во дадената изјава за дописникот на новинската Агенција Анадолија „АА“ во врска со 7-те загинати турски војници и 1 цивилен персонал во нападот на режимските сили во подрачјето на Идлиб, го рече следното: „Денеска во Северноатлантскиот совет го изразивме нашето сочувство до Турција.“

Инаку, Северноатлантскиот совет како највисок одлучувачки орган (механизам) на Сојузот, се состанува под претседателство на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтемберг и со учество на постојаните претставници на земјите членки.

Министерството за национална одбрана вчера соопшти дека во реализираниот напад од страна на режимските сили врз елементите на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) кои беа испратени како засилување на воените единици во Идлиб, за спречување на судирите во ова подрачје, загинаа (станаа шехиди) 7 турски војници и 1 цивилен персонал.



Слични вести