Претседателот Ердоган: Наводниот „Блискоисточен мировен план“ на Трамп нема да претставува решение

Претседателот Ердоган истакна дека наводниот „Блискоисточен мировен план“ на американскиот претседател Доналд Трамп нема да претставува решение

1353299
Претседателот Ердоган: Наводниот „Блискоисточен мировен план“ на Трамп нема да претставува решение

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на враќање од посетата на Украина, во авионот даде значајни изјави за новинарите.

Претседателот Ердоган истакна дека наводниот „Блискоисточен мировен план“ на американскиот претседател Доналд Трамп нема да претставува решение и го рече следното: „По нашите изјави позитивна изјава даде и Арапската лига.“

„Во Џеда се одржа состанок на Организацијата за исламска соработка. Таму го испративме нашиот министер за надворешни работи господинот Мевлут. И Организацијата за исламска соработка соопшти дека го одбива овој план. Тоа е добар развој.“ - констатира Ердоган.

Потсетувајќи дека во петокот минатата недела имаше телефонски разговор со палестинскиот претседател Махмуд Абас, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган информира дека ја согледал одлучноста кај Абас кој му го рекол следното: „По овој разговор ќе заминам за САД, ќе разговарам таму.“

Претседателот Ердоган рече: „Потоа во саботата беше одржана средба со Исмаил Ханије и нив ги видов мошне одлучни. Односно кај сите речиси постои одлчуност со којашто речиси би речеле 'Нема да го дадеме Ерусалим (Кудс), Ерусалим (Кудс) нема да отиде се додека оваа глава не се откине од ова тело'. Секако кога го гледаме сето тоа стануваме емотивни. Нашите предци ионака ги дале убавите примери на тоа. Иншаллах (со Аллахова помош) и ние ќе го направиме она коешто ни се паѓа, до крај. Ионака претставата којашто ја приредија Трамп и Нетанјаху со ова нивно состанување, не дава одреден резултат. Нема да испадне ништо од тоа. Ги собрале таму оние со кипи (еврејска капа) на главата и 3-4 арапски амбасадори, толку. Тоа не е резултат на еден меѓународен договор. Затоа ние им ја објаснуваме состојбата на сите лидери со кои разговараме.“



Слични вести