Ердоган: „Турција ќе пружи секаков вид подддршка на кримските браќа“

За Кримско Татарските браќа во Киев планираме да изградиме една џамија, станбени објекти и деловни простори

1353261
Ердоган: „Турција ќе пружи секаков вид подддршка на кримските браќа“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека ставот и позицијата на Турција кон Кримските Татари е јасен. Турција не ја признава анексијата на Крим и продолжуваме со активностите за заштита на нивните права.

На враќање од Украина, претседателот Ердоган во авионот даде изјава за новинарите и рече дека од средбата и разговорите, имал можност да ја увиди решителноста на украинскиот претседател Владимир Зеленски во однос на Крим.

„Самиот Зеленски сакаше да ја дознае вистинската причина за чувствителноста на Турција во однос на Кримските Татари? Јас ја изнесов нашата решителност и одлучност. Предложи заедно да изградиме 500 станбени објекти во подрачјето Херсон. Ние одговоривме поволно на нивниот предлог. Наскоро една делегација предводена од министерот за екологија и урбанизам ќе допатува во Украина и ќе одржи средби со лицата кои ќе ги предложи украинскиот претседател. Кое подрачје или област ќе биде поповолна за изградба на станбените објекти, таму ќе започнат активностите.

За Кримско Татарските браќа во Киев планираме да изградиме една џамија, станбени објекти и деловни простори.

За тоа повторно ќе фрлиме заеднички чекор. Плацот од 33 хектари беше откупен од страна на нашите браќа во Киев. Турција придава големо значење на самостојната егзистенција на Кримските Татари. Ќе им пружиме секаков вид политичка, економска, дипломатска и културна поддршка. Особено големо внимание придаваме на чекорите што ќе се фрлат во Херсон. Заедно со овие чекори и со текот на времето со почитувани Зеленски ќе разговараме за можностите и иницијативите коишто можат да се преземат во овие краишта“ рече Ердоган.



Слични вести