Ердоган: „Нападот во Идлиб секако дека ќе има последици за режимот“

Нападот претставува отворено прекршување на Меморандумот за Идлиб

1353183
Ердоган: „Нападот во Идлиб секако дека ќе има последици за режимот“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во врска со подмолниот напад врз персоналот на Турските вооружени сили во Идлиб во Сирија  рече: „Секако дека овој чин ќе има последици за режимот на Бешар Асад“.

На враќање од Украина, претседателот Ердоган во авионот даде изјава за новинарите.

„Нападот претставува отворено прекршување на Меморандумот за Идлиб. Секако дека нападот ќе има последици за режимот“ рече Ердоган.

„Веднаш по воздушниот напад на режимот, Турските вооружени сили возвратија многу брзо и ефикасно. Во рамките на одговорот на ТВС беа неутрализирани 76 припадници на режимот“ подвлече претседателот  Ердоган и додаде дека ќе продолжат операциите против режимот на Асад.

Во освртот на активностите на Русија во регионот, претседателот Ердоган рече дека „Во оваа етапа нема потреба од судири или некој сериозен конфликт со Русија. Со Русија имаме многу сериозни стратешки иницијативи“.



Слични вести