Чавушоглу: Го дадовме и понатаму ќе продолжиме да го даваме одговорот за нападите врз турските војници во Сирија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека е даден и понатаму ќе продолжи да се дава потребниот одговор за нападите врз турските војници во Сирија

1352996
Чавушоглу: Го дадовме и понатаму ќе продолжиме да го даваме одговорот за нападите врз турските војници во Сирија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, денеска во Анкара говореше на состанокот посветен на претставниците на дипломатските мисии во главните градови на азиските земји, а во врска со политиката на Турција насловена како „Повторно Азија“.

Чавушоглу истакна дека е даден и понатаму ќе продолжи да се дава потребниот одговор за нападите врз турските војници во Сирија.

Нагласувајќи дека во последно време се работи за изнаоѓање решение за присутната криза во Сирија, Мевлут Чавушоглу рече: „Во последните денови дојде до сериозна затегнатост во Идлиб. Вчера имавме 8 наши шехиди (загинати). Агресивноста, дрскоста на режимот се зголемува. Вложуваме напори со Русија за стопирање на овие судири. Со таа цел, вчера остварив телефонски разговор со Сергеј Лавров (рускиот министер за надворешни работи).“

Чавушоглу истакна дека и на Русија и се паѓаат значајни должности по прашањето со Сирија и го подвлече следното: „Што поскоро посакувме да се воспостави траен прекин на огнот и заедно и со Уставната комисија да му се придаде интензитет на политичкиот процес. Меѓутоа не е можно да ги толерираме нападите насочени против нас. Го дадовме и понатаму ќе продолжиме да го даваме одговорот.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека не се целосно кренати од дневен ред процесите од Астана и од Сочи, но напомена дека почнаа да здобиваат рана.

Чавушоглу воедно додаде дека не ги сметаат за правилни и изговорите на Русија од видот на тоа дека не може потполно да го држи под контрола режимот на Бешар Асад.“



Слични вести