Бројот на населението во Турција во 2019 година изнесува над 83 милиони жители

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК), ги објави резултатите од „Системот за регистрирање на населението на основа на адресата на живеење 2019“ и според тоа вкупниот број на населението во Турција изнесува 83 милиони 154 илјади 997 жители

1352822
Бројот на населението во Турција во 2019 година изнесува над 83 милиони жители

Бројот на населението на Турција во 2019 година, во споредба со 2018 година се зголеми за 1 милион 151 илјада 115 лица и изнесува вкупно 83 милиони 154 илјади 997 жители.

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК, ги објави резултатите од „Системот за регистрирање на населението на основа на адресата на живеење 2019“.

Според тоа, населението во Турција кое во 2018 година изнесуваше 82 милиони 3 илјади 882 лица, минатата 2019 година се зголеми за уште 1 милион 151 илјада 115 лица и изнесува вкупно 83 милиони 154 илјади 997 лица.

Процентот на машкото население изнесува 50,2 отсто, односно изразено во бројки 41 милион 721 илјада 136 лица, а процентот на женското население изнесува 49,8 отсто, односно 41 милион 433 илјади 861 лице.

Процентот на граѓаните кои живеат во градовите и во населените места во 2018 година изнесуваше 92,3 отсто, додека во 2019 година се зголеми на 92,8 отсто.

Процентот на населението пак, кое живее во помалите населени места во руралните места и во селата опадна на 7,2 отсто.



Слични вести