Акар: „Во одмаздничкиот напад беа неутрализирани 76 приврзаници на режимот“

Согласно инструкциите и правото на самоодбрана, беше даден соодветен и повеќекратен одговор

1352699
Акар: „Во одмаздничкиот напад беа неутрализирани 76 приврзаници на режимот“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече дека во одмаздничкиот напад по воздушната операција на силите на режимот врз Идлиб во која загинаа 8 турски војници, беа неутрализирани 76 приврзаници на силите на режимот.

Министерот Акар заедно со началникот на генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командантите на вооружените сили на нултата точка на границата со Сирија, од центарот за операции даде брифинг во врска со активностите на Турските вооружени сили во зоната за деескалација.

Акар во оваа прилика рече:

„Претходната ноќ во 01.30 часот од страна на силите на режимот во Сирија беше отворен оган врз нашите војници. Согласно инструкциите и правото на самоодбрана, беше даден соодветен и повеќекратен одговор. Досега се бомбардирани 54 цели на силите на режимот, додека според различни извори, неутрализирани се 76 приврзаници и војници на режимот.“

Во воздушната операција на силите на режимот врз Идлиб загинаа 8 лица од кои 3 цивили.



Слични вести