Во топовски напад на сирискиот режим во Идлиб загинаа 4 турски војници, а 9 војници се ранети

И покрај тоа што претходно беа соопштени координатите каде ќе бидат распоредени, е извршен топовски напад врз турските војници кои беа испратени во подрачјето на градот Идлиб со цел спречување на тамошните судири

1351770
Во топовски напад на сирискиот режим во Идлиб загинаа 4 турски војници, а 9 војници се ранети

Во реализиран интензивен топовски оган од страна на силите на сирискиот режим во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, станаа шехиди (загинаа) 4 турски војници, а 9 војници се ранети од кои еден тешко.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека и покрај тоа што претходно беа соопштени координатите каде ќе бидат распоредени е извршен топовски напад врз турските војници кои беа испратени во подрачјето на градот Идлиб со цел спречување на вооружените судири во ова подрачје.

Во соопштението се вели следното: „Во реализиран топовски оган станаа шехиди четворица наши јуначки соборци, а 9 војници се ранети од кои еден тешко.“



Слични вести