Претседателот Ердоган во Киев пречекан со официјална церемонија од страна на неговиот украински колега Зеленски

Претседателот Ердоган во главниот град Киев од страна на украинскиот претседател Володимир Зеленски беше пречекан со официјална церемонија

1352140
Претседателот Ердоган во Киев пречекан со официјална церемонија од страна на неговиот украински колега Зеленски

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во предпладневните часови отпатува во официјална посета на Украина кадешто ќе учествува на 8. состанок на Турско-украинскиот совет за стратешка соработка на високо ниво.

Ердоган во главниот град Киев од страна на украинскиот претседател Володимир Зеленски беше пречекан со официјална церемонија.

Потоа, двајцата лидери преминаа на средба лице в лице.

Во придружба на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за Киев заминаа и министерот за правда Абдулхамит Ѓул, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, министерката за трговија Рухсар Пекџан, шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун и портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин. 

На состанокот на Турско-украинскиот совет за стратешка соработка на високо ниво во Киев под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски и со учество на надлежните министри на двете земји, ќе бидат разгледани со сите нивни поединости билатералните односи и регионални прашања.

По повод посетата ќе бидат разменети мислења во врска со состојбата на сонародниците кримските Татари, а ќе биде направена и проценка на новите можности за соработка во правец на продлабочување на односите за стратешко партнерство со Украина. 

Освен тоа, се предвидува претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски да учествуваат на Турско-украинскиот бизнис форум и да се состанат со бизнисмените на двете земји.



Слични вести