Министерот за национална одбрана Хулуси Акар со воените команданти во посета на нултата точка на границата со Сирија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар со воените команданти на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) се состана во Оперативниот центар од кадешто се раководи со активностите во Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб

1352325
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар со воените команданти во посета на нултата точка на границата со Сирија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, заедно со воените команданти на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) ја посети нулата точка на границата со Сирија, кај градот Хатај, веднаш на спротивната страна на подрачјето на градот Идлиб,во северозападниот дел на Сирија.

Министерот Акар кој се наоѓаше во делегацијата во придружба на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во рамките на посетата на Украина, по реализираниот напад од страна на силите на режимот на Бешар Асад во подрачјето на градот Идлиб во кој станаа шехиди (загинаа) 6 турски војници, а 7 беа ранети, се оддели од делегацијата и се врати во Анкара.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар од Анкара кадешто во Генералштабот заедно со началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командантите на родовите беше направена куса проценка на ситуацијата, замина за Хатај, во непосредна близина на границата со Сирија.

Министерот Хулуси Акар придружуван од началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, командантот на копнените сили генерал на армија Умит Дундар и командантот на воздухопловните сили генерал на армија Хасан Ќучукакјуз пристигна во градот Хатај.

Инаку, во отворениот топовски оган од страна на силите на сирискиот режим во подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија, станаа шехиди (загинаа) 4 турски војници, а 9 војници беа ранети од кои еден тешко.

Потоа, Министерството за национална одбрана соопшти дека животот го загубија уште еден војник и еден цивилен персонал кои беа ранети во нападот и дека бројот на шехидите (загинатите) се зголеми на 6 лица.



Слични вести