Коџа: Првите анализи на 61 лице се негативни и кај никого нема симптоми на коронавирус

Министерот за здравство Фахреттин Коџа информира дека резултатите од првите анализи на сите 61 лице колку што се наоѓаа во авионот кој дојде од Кина се негативни и кај никого нема симптоми на коронавирус

1352468
Коџа: Првите анализи на 61 лице се негативни и кај никого нема симптоми на коронавирус

Министерот за здравство Фахреттин Коџа, денеска одржа прес конференција во Анкара на која направи проценка на последните случувања во врска со епидемијата на новиот тип коронавирус.

Коџа изјави дека сите добиени резултати од првите анализи на 61 лице кои во сабота вечер дојдоа од Кина се негативни, односно дека не станува збор за зараза од вирусот.

Фахреттин Коџа рече дека кај сите 42 лица од кои 32-јца турски граѓани, неколку граѓани на други земји и вклучувајќи го и персоналот, вкупно 61 лице колку што се наоѓаа во авионот, нема симптоми на зараза од новиот тип коронавирус. 

Велејќи дека согласно донесената одлука од страна на Научниот совет еднаш на секои 3 дена ќе бидат земени примероци од крвта на овие лица чии резултати ќе бидат анализирани, Коџа напомена дека периодот под надзор од 14 дена под карантин ќе продолжи според планираното.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа воедно информира дека е донесена одлука почнувајќи од 5 февруари, во среда, да бидат суспендирани до крајот на овој месец сите летови од Кина.

Тој истакна дека од утре ќе започне скрининг со термални камери на патниците кои доаѓаат од Јапонија, Тајван, Хонгконг, Сингапур, Јужна Кореја и Малезија.

Коџа додаде дека нема да има одредено ограничување за патување од земјите за кои ќе се применува скрининг со термални камери.



Слични вести