Ердоган: На нападот во Идлиб е одговорено во ист мера и ќе продолжи да се дава потребниот одговор

Претседателот Ердоган, пред да отпатува за Украина истакна дека на нападот на сирискиот режим во подрачјето на Идлиб во кој станаа шехиди (загинаа) 6 турски војници е одговорено во иста мера и дека ќе продолжи да се дава потребниот одговор

1351946
Ердоган: На нападот во Идлиб е одговорено во ист мера и ќе продолжи да се дава потребниот одговор
erdogan
Mustafa Şentop.jpg
ibrahim kalın.jpg
altun.jpg

Почнаа да пристигнуваат првите реакции од државниот врв на Турција по реализираниот топовски напад од страна на сириските режимски сили врз турските војници во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, во кој станаа шехиди (загинаа) 6 турски војници, а 7 војници се ранети.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во дадената изјава во врска со овој напад пред да отпатува во официјална посета на Украина истакна дека на нападот во Идлиб во кој станаа шехиди (загинаа) 6 турски војници е одговорено во иста мера и дека ќе продолжи да се дава потребниот одговор.

Ердоган рече: „Одлучни сме да ги продолжиме нашите операции коишто ги реализираме за воспоставување на безбедноста на нашата земја, нашиот народ и нашите браќа во Идлиб. Оние кои со овие видови подли напади ја тестираат одлучноста на Турција, ќе разберат дека прават голема грешка.“

Пртседателот Реџеп Тајјип Ердоган воедно информира дека утврдените цели во подрачјето се погодени и продолжуваат да се гаѓаат како со хаубици „Фиртина“, така и со воени авиони Ф-16. Утврдено е дека од спротивната страна се неутрализирани 30-35 Сиријци (режимски војници).“

Потпретседателот Фуат Октај истакна дека Турските вооружени сили (ТВС или TSK) ќе продолжат да го даваат потребниот одговор на нападот на сирискиот режим во кој станаа шехиди (загина) 6 турски војници и рече дека крвта на загинатите турски војници нема да остане на земјата.

Октај на својот профил на социјалната мрежа Твитер им посака милост од Аллах на 6-те турски војници шехиди во Идлиб, го изрази своето сочувство до нивните семејства и до народот, а на ранетите им посака побрзо оздравување.

„Нашите Вооружени сили ќе продолжат да го даваат потребниот одговор, крвта на нашите војници шехиди нема да остане на земјата.“ - рече потпретседателот Фуат Октај.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп исто така го изрази своето сочувство за загинатите 6 турски војници во топовскиот напад на силите на режимските сили во подрачјето на градот Идлиб.

Шентоп во објавата што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „На нашите јуначки војници кои станаа шехиди (загинаа) во Идлиб им посакувам милост од Аллах, а на нашите ранети војници им посакувам побрзо оздравување. Го изразувам моето сочувство до нашиот честит народ.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу пак, рече: „Крвта на нашите шехиди не остана и нема да остане на земјата.“

Чавушоглу на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „На нашите јуначки војници Мехметчик кои станаа шехиди (загинаа) им посакувам милост од Аллах, на ранетите им посакувам побрзо оздравување. Крвта на нашите шехиди не остана и нема да остане на земјата.“

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин истакна дека веднаш беше одговорено на нападот во кој загинаа 6 наши војници во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Калин во споделената објава на својто профил на социјалната мрежа Твитер, на 6-те турски војници кои станаа шехиди (загинаа) во реализираниот топовски напад на сирискиот режим им посака милост од Аллах, го изрази своето сочувство до нивните семејства, а на ранетите им посака побрзо оздравување.

Ибрахим Калин го истакна следното: „Веднаш беше одговорено на овој напад којшто е реализиран спротивно на постигнатиот договор за Идлиб. Крвта на нашите војници нема да остане на земјата, извршителите ќе положат сметка.“

Шефот на Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун, исто така на споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека ќе се побара сметката за подлиот напад во Идлиб во кој станаа шехиди (загинаа) 6 наши војници.

„Со сочувство до нашиот народ. На нашите јуначки војници шехиди (загинати) им посакувам милост од Аллах, на нашите ранети војници им посакувам побрзо зодравување. Нашата држава ќе ја побара (наплати) сметката за овој подол напад.“

Претседателот на главната опозициона Републиканска народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу и претсеадтелот на Партијата за национално движење (МХП) Девлет Бахчели исто така објавија пораки со сочувство во кои го осудија нападот, а на загинатите (шехидите) турски војници им посакаа милост од Аллах.

Инаку, во реализиран интензивен топовски оган од страна на силите на сирискиот режим во подрачјето на градот Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, станаа шехиди (загинаа) 6 турски војници, а 7 војници се ранети.



Слични вести