Чавушоглу: Планот на Трамп, е насилно наметнување за легализирање на израелската окупација и анектирање

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека наводниот мировен план објавен од страна на претседателот на САД Доналд Трамп претставува план за анектирање и документ за продажба

1352169
Чавушоглу: Планот на Трамп, е насилно наметнување за легализирање на израелската окупација и анектирање

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу говореше на вонредниот состанок на Организацијата за исламска соработка (ОИС) што се одржа во градот Џеда во Саудиска Арабија, при што покажа реакција против опасниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Ерусалим (Кудс).

Чавушоглу истакна дека наводниот мировен план објавен од страна на претседателот на САД Доналд Трамп претставува план за анектирање и документ за продажба.

„Планот, претставува насилно наметнување во правец на легализирање на израелската окупација и анектирање на Ерусалим (Кудс) и Западниот Брег.“ - рече Чавушоглу.

Нагласувајќи дека овој план не ќе може да претставува основа за компромис помеѓу двете земји, Чавушоглу го подвлече следното: „Планот којшто се наоѓа пред нас е документ за продажба во кој се диктираат максималистичките барања на Израел од устата на САД. Има за цел да ги осуди засекогаш Палестинците кон израелска окупација и болките создадени од окупацијата.“

Тој истакна дека планот, под изговор за воспоставување на безбедноста на Израел, се обидува целиот палестински народ да го прикаже како потенцијални терористи коишто треба да бидат изолирани.

Чавушоглу напомена дека овој план ја елиминира визијата за решение со две држави и го наметнува насилно решението со единствена држава за Израел во која ќе постојат само Евреите. 

„Со оваа негова страна, целта на планот всушност е да ја легитимизира државата на апартхеидот којашто е создадена со окупацијата којашто продолжува веќе половина век од страна на Израел. И додека го прави тоа, Палестинците ги третира како луѓе од втора класа и ги омаловажува.“ - подвлече министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Тој исто така рече дека со задоволство го дочека негирањето на овој план од страна на Арапската лига (АЛ) и нагласи дека истиот одлучен став треба да го покажат и сите земји на Арапската лига (АЛ), како и да заземат став против САД.



Слични вести