Билатерални средби на Чавушоглу на состанокот на Организацијата за исламска соработка во Џеда

Мевлут Чавушоглу кој по повод состанокот на Организацијата за исламска соработка (ОИС) на ниво на министри за надворешни работи престојува во градот Џеда во Саудиска Арабија, овде остварува и низа билатерални средби со свои колеги од некои земји

1352349
Билатерални средби на Чавушоглу на состанокот на Организацијата за исламска соработка во Џеда

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, на маргините на состанокот на „Итниот извршен комитет со отворено учество“ на Организацијата за исламска соработка (ОИС) на ниво на министри за надворешни работи, се состана со својот малезиски колега Дато Саифудин Абдулах и либанскиот колега и министер за мигранти Насиф Хити.

Чавушоглу кој по повод состанокот на Организацијата за исламска соработка (ОИС) на ниво на министри за надворешни работи престојува во градот Џеда во Саудиска Арабија, овде остварува и низа билатерални и меѓуделегациски разговори со свои колеги од некои земји.

Во тие рамки, Мевлут Чавушоглу се оствари средби со малезискиот министер за надворешни работи Дато Саифудин Абдулах и либанскиот министер за надворешни работи и мигранти Насиф Хити.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, својата проценка на состанокот во Џеда на кој освен ставот на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во однос на наводниот мировен план на САД беше разговарано и за прашањето со Палестина, ја изнесе на својот профил на социјалната мрежа Твитер, кадешто го напиша следното: „Учествуваме на состанокот на Организацијата за исламска соработка (ОИС). Заедно како исламски свет го одбивме овој план којшто во основа претставува документ за продажба. На оној кој ќе се откаже од Палестина нема да му опростат ниту Аллах, ниту уметот (муслиманите).“



Слични вести