Воениот карго авион со 42 лица евакуирани од кинескиот град Вухан пристигна во Анкара

Воениот карго авион во кој се наоѓаа 42 лица од кои 32 турски граѓани, 6 азербејџански, 3 грузиски и 1 албански граѓанин синоќа слета на воениот аеродром во Етимесгут во Анкара

1351461
Воениот карго авион со 42 лица евакуирани од кинескиот град Вухан пристигна во Анкара
fahrettin koca.jpg
cin tahliye Turk yolcular2.jpg
cin tahliye Turk yolcular1.jpg

42 лица од кои 32'јца турски граѓани кои беа евакуирани од градот Вухан во Кина кадешто се појави смртоносниот нов тип коронавирус, се донесени во Турција.

Воениот карго авион од типот „A400M“ во сопственост на Турските вооружени сили (ТВС или TSK), кој беше пренаменет во медицински авион, по приближно 33 часовна операција за евакуација синоќа во 21:00 часот по турско време слета на воениот аеродром во Етимесгут во Анкара. 

Авионот беше пречекан од страна на министерот за здравство Фахреттин Коџа и други функционери. 

Министерот Коџа во дадената изјава овде информира дека кај евакуираните 42 лица не постои сомневање од нов тип коронавирус, а воедно рече дека се чувствува радост од успешната евакуација на 42'те лица и нивното донесување во земјата здрави и живи.

Велејќи дека од Кина се донесени 42 лица од кои 32'јца турски граѓани, 6 азербејџански, 3 грузиски граѓани и 1 албански граѓанин, Фахреттин Коџа го рече следното: "Беа донесени особено со преземање на неопходните мерки во текот на ова патување вклучувајќи ја и употребата на маски и друг вид заштитна облека. Со нашиот лекар Ирфан експерт по инфекција, разговарав во авионот. Рече дека кај ниту еден од нашите патници дури и по патот не се утврдени симптоми на болеста и дека здравствената состојба на сите наши граѓани и граѓаните од братските земји е добра."

Министерот Коџа истакна дека здравствената состојба и на воениот персонал на авионот е добра и воедно информира дека донесените 42 лица од кои 32 државјани на Турција, 6 државјани на Азербејџан, 3 државјани на Грузија и еден државјанин на Албанија, ќе бидат пренесени во болницата „Зекаи Тахир Бурак“ во која нема пациенти, која ќе се користи само за овие лица и овде ќе бидат држени под лекарски надзор и следење во текот на 14 дена.

Секој од овие лица ќе се држи и следи во посебна соба.

Сите услуги, вклучувајќи ја и храната ќе бидат служени во прибори за еднократна употреба, додека сите отпадоци ќе бидат фрлени со посебни вреќи и ќе бидат третирани и испитувани како медицински отпад.

Во меѓувреме, 42'те лица и 20 членови на екипажот на воениот карго авион кои учествуваа во операцијата за евакуирање, вкупно 62 лица со амбулантни возила беа пренесени во болницата „Зекаи Тахир Бурак“.

Воедно и медицинскиот авион со кој беа донесени патниците, во рамките на преземените превентивни мерки беше паркиран на најдалечното место на пистата. 

Материјалите кои се наоѓаа во авионот беа подложени на прочистување од страна на хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни експерти при Командата на воздухопловните сили.

Исто така и авионот беше подложен на иста постапка на детално прочистување ѝ од внатрешната ѝ од надворешната страна.



Слични вести