Претседателот Ердоган утре ќе отпатува во посета на Украина

Претседателот Ердоган утре ќе отпатува во официјална посета на Украина кадешто во главниот град Киев ќе учествува на 8. состанок на Турско-украинскиот совет за стратешка соработка на високо ниво

1351660
Претседателот Ердоган утре ќе отпатува во посета на Украина

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган утре ќе отпатува во официјална посета на Украина кадешто ќе учествува на 8. состанок на Турско-украинскиот совет за стратешка соработка на високо ниво.

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет, на состанокот на Турско-украинскиот совет за стратешка соработка на високо ниво што ќе се одржи во главниот град Киев под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски и со учество на надлежните министри на двете земји, ќе бидат разгледани со сите нивни поединости билатералните односи и регионални прашања.

По повод посетата ќе бидат разменети мислења во врска со состојбата на сонародниците кримските Татари, а ќе биде направена и проценка на новите можности за соработка во правец на продлабочување на односите за стратешко партнерство со Украина. 

Освен тоа, се предвидува претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски да учествуваат на Турско-украинскиот бизнис форум и да се состанат со бизнисмените на двете земји.



Слични вести