МНР на Турција: Односите со Обединетото Кралство ќе обезбедат значајни можности во новиот период

По остварувањето на Брегзит (излезот на Велика Британија од Европската унија) Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека односите со Обединетото Кралство ќе обезбедат значајни можности во наредниот период

1351434
МНР на Турција: Односите со Обединетото Кралство ќе обезбедат значајни можности во новиот период

Турција соопшти дека по Брегзит (излезот на Велика Британија од Европската унија), односите со Обединетото Кралство ќе создадат значајни можности во новиот период.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи на Турција, пред официјалното напуштање на Европската унија (ЕУ) од страна на Обединетото Кралство, се нагласува дека отворено стои оти Обединетото Кралство по излезот од членството во Европската унија (ЕУ) ќе стане едниот од најзначајните и драгоцени компоненти на Европа.

Во соопштението се вели следното: "Турција секогаш го ценела принципиелниот став на Велика Британија која даваше поддршка на нашиот процес за членство внатре во Европската унија и која беше свесна за додадената вредност на улогата којашто ќе може да ја одигра нашата земја со својата регионална и глобална местоположба за Унијата."

Во соопштението се укажува на тоа дека буди задоволство постоењето на заедничка политичка волја во правец на уште повеќе развивање на односите помеѓу Турција и Обединетото Кралство, по напуштањето на членството во Европската унија (ЕУ) од страна на оваа земја.

"Мислиме дека односите помеѓу Турција и Обединетото Кралство во новиот период освен за интересите на двете страни ќе обезбедат значајни можности и од аспект на развојот на регионалната и глобалната стабилност. Се додека не биде подготвена одредена спротивна регулатива меѓу Европската унија (ЕУ) и Обединетото Кралство, нашите односи со Обединетото Кралство ќе продолжат без притоа да бидат подложени на влијанието на процесот на излез во текот на периодот на транзиција којшто ќе трае до 31 декември." - стои во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција. 



Слични вести