Авионот за евакуирање на турските граѓани од кинескиот град Вухан тргна на пат за Турција

42 лица од кои повеќето турски граѓани, како и неколку граѓани на Азербејџан, Грузија и на, Албанија, од страна на турската екипа составена од 6 експерти по здравство по деталниот лекарски преглед еден по еден беа качени во авионот

1351232
Авионот за евакуирање на турските граѓани од кинескиот град Вухан тргна на пат за Турција
Wuhan Türk vatandaşları (3).jpg
Wuhan Türk vatandaşları (6).jpg
Wuhan Türk vatandaşları (5).jpg
Wuhan Türk vatandaşları (2).jpg
Wuhan Türk vatandaşları (4).jpg

Џиновскиот турски воен карго авион во сопственост на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) кој е испратен за евакуирање на турските граѓани кои се наоѓаат во градот Вухан во Кина, поради епидемијата на нов тип коронавирус, ги зеде турските граѓани и некои граѓани на други земји и тргна на пат кон Турција.

42 лица од кои повеќето турски граѓани, како и неколку граѓани на Азербејџан, Грузија и на, Албанија, од страна на турската екипа составена од 6 експерти по здравство по деталниот лекарски преглед еден по еден беа качени во авионот.

Евакуираните лица во специјално формираниот дел на влезот на авионот беа облечени во заштитна облека за карантин.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа исто така во соопштението по полетувањето на авионот од кинескиот град Вухан за Турција го рече следното: Се додека нашите срца се исти ние сме заедно насекаде во светот. Поносни сме со нашиот здравствен персонал и со припадниците на нашите вооружени сили кои им отрчаа на помош на нашите граѓани.“

Министерот Коџа истакна дека 6 турски граѓани по сопствена желба се откажале да се вратат и во авионот се качени вкупно 42 лица и дека во извршениот детален лекарски преглед кај ниту едно лице не бил утврдена зараза.

Сите евакуирани лица кои се наоѓаат во авионот кој полета од кинескиот град Вухан откако ќе пристигнат во Турицја ќе се држат под лекарски надзор во текот на 14 дена.



Слични вести