Советот за национална безбедност: Ќе бидат преземени дополнителни мерки против тероризмот во Сирија

Во објавеното соопштение по состанокот на Советот за национална безбедност се нагласува одлучноста за преземање на дополнителни мерки против тероризмот во различни области на Сирија на чело со подрачјето на градот Идлиб

1350636
Советот за национална безбедност: Ќе бидат преземени дополнителни мерки против тероризмот во Сирија

Вчера во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се одржа првиот состанок на Советот за национална безбедност (МГК) во оваа година.

Во објавеното соопштение по состанокот се нагласува одлучноста за преземање на дополнителни мерки против тероризмот во различни области на Сирија на чело со подрачјето на градот Идлиб.

Во соопштението се истакнува дека на состанокот е разговарано детално за внатрешно-надворешните прашања коишто се значајни од аспект на националната безбедност и дека е направена проценка на безбедноста во 2019 година и на можните случувања во 2020 година и во тие рамки се дискутираше за мерките коишто би можеле да се преземат во однос на актуелните случувања. 

Се истакнува дека се доставени информации до Советот за безбедност во врска со операциите коишто се реализираат успешно внатре во границите на земјата и надвор преку границата против сите териристички организации на чело со ПКК/КЏК-ПЈД/ЈПГ, ДЕАШ и ФЕТО кои претставуваат закана за националното единство и постоењето на Турција, а исто така е нагласена и чувствителноста по прашањата на одбраната на јужните граници на Турција, воспоставувањето на безбедноста на пријателските и братски заедници надвор од границите на земјата и придонесот во воспоставувањето на трајниот мир во регионот.

Во објавеното соопштение се нагласува дека ќе продолжи да се поддржува Владата на национално единство на Либија со меѓународна признатост и легитимитет од страна на Обединетите нации (ОН), а во правец на воспоставувањето на мирот и спокојството во границите на Либија, зачувувајќи ги притоа националното единство и територијалниот интегритет на оваа земја.

„Се поканети сите земји да ги поддржуваат напорите за воспоставување на траен прекин на огнот. Турција во рамките на своите сопствени права и интереси во Средоземното Море, ќе ги исполни своите одговорности коишто и се паѓаат во секоја сфера во однос на повторното воспоставување на довербата и стабилноста во Либија коишто ќе се потпираат на правичноста, а како потреба на 500 годишното пријателство со либискиот народ.“ - стои во соопштението на Советот за национална безбедност.

Воедно се истакнува дека е изнесена загриженоста од тензијата помеѓу САД и Иран, дека е повторен повикот до страните за здрав разум и воздржаност за зачувување на мирот и стабилноста и дека треба да се избегнува други земји да се доведуваат во состојба на конфликтно поле помеѓу овие два актери. 

Во соопштението се вели дека се проколнуваат терористичките напади во Сомалија во кои животот го загубија голем број лица меѓу кои се наоѓаа и турски граѓани и се додава следното: „Уште еднаш е потврдено дека стоиме покрај пријателскиот и братски сомалиски народ и е истакнато дека ќе продолжи нашата поддршка во правец на воспоставувањето на средината на спокојство, доверба и просперитет во оваа земја.“  

Во соопштението се подвлекува и следното: „Нагласено е дека планот објавен од страна на управата на САД во врска со израелско-палестинскиот спор, претставува план за анексија со кој се има за цел да се окупираат Палестина и Ерусалим (Кудс) и да се легализираат политиките на рушење и притисок, а воедно е појаснето дека решението е можно само со формирање на независна, суверена и неподелена држава Палестина со главен град Источен Ерусалим (Кудс) и на основа на границите од 1967 година.“

Во соопштението на Советот за национална безбедност се појаснува дека се доставени информации до Советот во врска со мерките кои што се преземени и активностите за пребарување и спасување по земјотресот со јачина од 6,8 степени по Рихтер кој на 24 јануари 2020 година ги погоди градовите Елазиг и Малатја и поширокото подрачје во источниот дел на Турција и се нагласува дека во тој контекст е направена наново проценка и на активностите и подготовките на Турција при елементарни непогоди.



Слични вести