Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин разговараше телефонски со Роберт О'Брајан

Според објавеното соопштение од портпаролството во претседателскиот кабинет, во телефонскиот разговор помеѓу Ибрахим Калин и Роберт О'Брајан беа разгледани односите помеѓу Турција и САД и случувањата во Либија и во Сирија

1350580
Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин разговараше телефонски со Роберт О'Брајан

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин синоќа оствари телефонски разговор со советникот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Роберт О'Брајан.

Според објавеното соопштение од портпаролството во претседателскиот кабинет, во телефонскиот разговор помеѓу Ибрахим Калин и Роберт О'Брајан беа разгледани односите помеѓу Турција и САД и случувањата во Либија и во Сирија.

Во разговорот беа посебно разгледани актуелните случувања во Либија и во северниот дел на Сирија и беа разменети мислења во врска со заедничките напори коишто би можеле да се реализираат за ставање крај на судирите во овие региони, заштита на цивилите и продолжување на политичкиот процес. Освен тоа, покрај општата состојба во билатералните односи се стоеше и на чекорите коишто би можеле да се фрлат по прашањето на постигнување на целта за остварување на трговски обем од 100 милијарди долари помеѓу Турција и САД. 

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин, во телефонскиот разговор со советникот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Роберт О'Брајан ги сподели и погледите на Турција во врска со планот на САД посветен на израелско-палестинскиот спор.

Калин му појасни на својот соговорник дека Турција ја брани визијата за решение со две држави и во тие рамки Источен Ерусалим (Кудс) да стане главен град на независната и суверена држава Палестина, која ќе биде формирана на основа на границите од 1967 година.

Калин воедни нагласи дека нема да се поддржува ниту еден план којшто нема да биде прифатен од страна на палестинскиот народ.



Слични вести