Остра реакција од претседателот Ердоган: Каков договор на векот, тоа е проект за окупација

Претседателот Ердоган покажа остра реакција против наводниот мировен план на САД во врска со палестинско-израелското прашање во врска со кој ги употреби зборовите: „Велат дека е договор на векот, каков договор, тоа е проект за окупација.“

1350660
Остра реакција од претседателот Ердоган: Каков договор на векот, тоа е проект за окупација

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор што го одржа вчера на церемонијата на доделување на Анадолските медиумски награди организиран по петти пат од страна на Здружението на Анадолските радиодифузери (АЈД), покажа остра реакција против планот на САД за распарчување на Палестина и рече: „Велат дека е договор на векот, каков договор, тоа е проект за окупација.“  

Ердоган нагласи дека не може да се промени судбината на Палестина, напомена дека Ерусалим (Кудс) не е на продажба и продолжи со следните зборови: „Ерусалим (Кудс) е нашата црвена линија. Верувам дека стотици, илјадници наши палестински браќа повторно ќе ја продолжат оваа борба таму, по цена и на својата крв. И ние сме спремни за тоа.“ 

Претседателот Ердоган привлече внимание и на обидите за создавање на јавно мнение, перцепција, против Турција во странство.

Велејќи дека очекуваат поддршка од граѓанските иницијативи за да се објасни правилно ставот на Турција, Ердоган рече: „Постои еден огромен механизам којшто работи страотно (грозоморно) за оцрнување на Турција и на турскиот народ, преку лажни и погрешни информации. Во тоа се вклучени ерменското лоби, кипарско-грчкото лоби, терористичките организации ПКК, ДЕАШ, ФЕТО. Постојат бројни средини на чија опашка на одреден начин сме нагазнале. Верувам дека доколку новинарите на новинарите, бизнисмените на бизнисмените, научниците на научниците, учениците на учениците им ги раскажат вистините во странство за кусо време ќе се растера негативната атмосфера во врска со нашата земја.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор истакна дека работат деноноќно за да се постигнат целите на Турција за 2023 година.

Подвлекувајќи дека единствениот орган кој се смета за соговорник и за полагање на сметка е народот, Ердоган нагласи дека поаѓајќи од овој начин на сфаќање не се гледа на тоа кој што вели, туку само се гледа во која насока покажува народот.



Слични вести