Ердоган: Со наводниот мировен план се има за цел да се анектираат окупираните палестински територии

Претседателот Ердоган истакна дека со наводниот Блискоисточен мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп се има за цел да се анектираат окупираните палестински територии

1351097
Ердоган: Со наводниот мировен план се има за цел да се анектираат окупираните палестински територии

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на состанокот на претседателите на градските ограноци во проширен состав на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) во седиштето на партијата во Анкара, се осврна на наводниот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп и притоа истакна дека како што беше илјадници години досега, Ерусалим (Кудс) и денеска е клучот на светскиот мир.

Ердоган рече: „Ако се урне и Ерусалим (Кудс), чинарот на мирот, целиот свет ќе остане затрупан под него.“

Тој истакна дека со наводниот Блискоисточен мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп се има за цел да се анектираат окупираните палестински територии и го рече следното: „Ако не ја одбраниме светоста (честа) на Месџид-и Акса, утре не можеме да ги спречиме злите очи да се свртат кон Ќаба. Кога ќе погледнеме кон ставовите на земјите во исламскиот свет јас жалам поради состојбата во која се наоѓаме. На чело на Саудиска Арабија, не се слуша слуша твојот глас, кога ќе се слушне?“

Претседателот Ердоган истакна дека да се препушти Ерусалим (Кудс) целосно на крвавите канџи на Израел, ќе претставува извршено злосторство против целото човештво и рече: „Една ваква ајдучка држава (Израел) каде што на улиците отворено се егзекутираат (убиваат) луѓето, во нашите очи никогаш не може да заслужи почит. По кусо време ќе имам разговор со Махмуд Абас, а потоа со Исмаил Ханије. Со нив ќе направиме проценка на овие прашања.“

Нагласувајќи дека нема да се остане посматрач и на ситуацијата во Сирија и во подрачјето на Идлиб, Ердоган рече: „Секој развој во Сирија е значаен, витален, критичен за Турција најмалку колку случувањата внатре во нејзините сопствени граници. Нема и не можеме да останеме посматрачи на ситуацијата ниту во другите области на Сирија, ниту во Идлиб. Ја посакуваме стабилноста на Сирија со сета наша искреност. И затоа нема да се воздржиме од ништо, ќе го направиме она што е неопходно вклучувајќи ја и употребата на воена сила. Никој нема право да ја вовлече Турција да биде приклештена од страна на сепаратистичката организација или да покаже согласност кон зулумот на режимот. Нема да дозволиме сепаратистичко-терористичката организација да отвори дупка на смутување и предавство во било кое место на Сирија, за нашиот регион.“

Претседателот Ердоган напомена дека никој нема право да и вели било што на Турција и по прашањето со Либија.

„Оние кои ги испраќаат да војуваат во редовите на генералот пучист платените војници и му даваат секој вид оружје од сите четири страни на светот од Судан до Русија, без да се срамат ја критикуваат Турција. Оние кои наместо на страната на легитимната влада и народот на Либија заземаат место покрај еден пучист, се на чело на оние кои вршат предавство на демократијата. Никој, а особено оние кои ги штитат бароните на војната чии раце се извалкани со крв, немаат право да и велат ништо на Турција по прашањето со Либија.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган воедно во врска со земјотресот со јачина од 6,8 степени што се случи на 24 јануари во петокот вечер со епицентар во населеното место Сивриџе кај градот Елазиг, во источниот дел на Турција го рече следното: „Продолжува лекувањето на 48 наши браќа од кои 7 се наоѓаат на интензивна нега. Нема настрадан кој се наоѓа во животна опасност.“

 



Слични вести