Во подрачјето на градот Ширнак е започната операцијата „Стапица-5 (Kapan-5) Габар“

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во подрачјето на градот Ширнак во југоисточниот дел на Турција е започната операцијата „Стапица-5 (Kapan-5) Габар“ во која учествуваат 780 припадници на безбедносните сили, 51 оперативен тим

1349948
Во подрачјето на градот Ширнак е започната операцијата „Стапица-5 (Kapan-5) Габар“

Во подрачјето на градот Ширнак во југоисточниот дел на Турција е започната операцијата „Стапица-5 (Kapan-5) Габар“.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за внатрешни работи се истакнува дека со цел неутрализирање на терористите за кои се проценува дека се наоѓаат во областа за засолнување во подрачјето на планината Габар кај градот Ширнак, е започната антитерористичка операција во која учествуваат 780 припадници на безбедносните сили, 51 оперативен тим, составени од жандармериски командоси, жандармериски специјални сили, полициски специјални сили и безбедносни чувари.

Операцијата на теренот се реализира под команда и раководство на командантот на жандармериската командоска бригада Чакирсогут и командантот на градската команда на Сиирт.

Во соопштението на министерството за внатрешни работи воедни се нагласува дека операциите „Стапица“ („Kapan“) коишто се започнати за целосно елиминирање на терористите и ставање крај на тероризмот во границите на земјата, продолжуваат успешно со одлучност, со поддршка и на граѓаните.



Слични вести